Breaking News

Братислава ги одложува одлуките за воена помош за Киев до формирање нова словачка влада


Словачка одлучи да ги одложи одлуките за воена поддршка за Киев во очекување на новата влада по изборниот успех на партиите кои се противат на помош за соседна Украина, соопшти Претседателството во Братислава.


– Претседателката (Зузана) Чапутова го споделува гледиштето на (премиерот во оставка Лудовит) Одор, според кого одлуката за ова прашање треба да ги одразува резултатите од последните парламентарни избори, изјави  Мартин Стризинец, портпарол на претседателството.


– Одлуката да се обезбеди воена помош во овој момент би поставила преседан за идни промени во политичката моќ. Исто така, сегашната влада во заминување има ограничени овластувања“, додаде портпаролот.

 Тој не кажа дали наскоро ќе бидат донесени некои важни одлуки, но нагласи дека претседателката Чапутова „не го сменила својот став за воената помош за Украина и дека ќе продолжи да ја поддржува во границите на можностите што сè уште се достапни за словачките вооружени сили.


 Во понеделникот, претседателката му додели мандат за формирање нова влада на популистот Роберт Фицо, кој се противи на воената помош за Украина и се смета за проруски настроен. ссм/фото: архива .

Извор: МИА