Божикно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан


Тој дојде како слуга, смирен и кроток, за уште еднаш да му ја покаже на човекот Својата неискажлива љубов, со која некогаш го создаде, и да го потсети дека и тој е повикан кон таа љубов.


Дојде како Младенец, предавајќи се во прегратките на Богородица и доверувајќи му се Себеси на човекот.


И се покажа дека сѐ што доаѓа од небесата и од Бога е секогаш спасоносно и вечно, зашто вечен е и самиот Бог! .

Извор: МИА