Breaking News

Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов


„И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов.


Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух.


Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас.

Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него.


Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта. .

Извор: МИА