Breaking News

Борел: Либан и ЕУ ќе работат заедно на деескалација и долгорочна стабилност


Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати за ситуацијата во Бејрут, влијанието на конфликтот во Газа врз регионот на Блискиот исток, но и врз Сирија.


-Се согласивме дека ќе работиме заедно дипломатски на деескалација и долгорочна стабилност, што е во интерес на сите, додаде Борел на „Х“.


За време на најавената посета на Либан, поради ескалацијата на тензиите, Борел треба да се сретне и со министерот за надворешни работи и емигрантите, Абдалах Бу Хабиб и командантот на либанските вооружени сили, генерал Џозеф Аун, објавено е на веб-страницата на Европската унија.

Тој ќе се сретне и со командантот на привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ), генерал Аролд Лазар. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА