Breaking News

Бојмацалиев: Со дигитализација против корупција


Граничната линија Север е безбедна, оцени дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев по денешната работна посета на Полициската станица Граничен Премин Табановце и средбата со раководството на ПС ГП Табановце и на Регионалниот Центар за гранични работи Север.


 Според Бојмацалиев, на ГП Табановце за периодот  јануари, февруари и март 2023, има зголемен проток и регистрирани се  шест кривични дела и 59 прекршоци.


Откриени се осум фалсификати на документи во однос на истиот период лани, а се бележи тренд на зголемување на откривачката дејност за 14 проценти за фалсификат на документи.

Во однос на  бројот на миграцијата има зголемена откривачка дејност од 60 проценти.


– Исто така, би сакал да ја информирам јавноста во минатиот период се појавија информации дека граничната линија не е доволно обезбедена.

Граничната линија и од нивна страна е потврдено и од моја страна зборувам дека е обезбедена на максимално ниво, ги користиме сите модерни технологии, имаме десет возила кои се распоредени на целата територија и кои се снимаат во домет од десет километри со термални камери, тие се мобилни возила кои ги распоредуваме во зависност од потребата на МВР и од информациите кои ги добиваме од безбедносните служби, кажа Бојмацалиев.


МВР и безбедносните служби заедно работат во зачувување на безбедноста на граѓаните и во внатрешната и нејзините граници, посочи тој и додаде дека секоја полициска станица која е на ниво на граничната линија поседува и друг вид камери кои при самото движење на територијата го снимаат и го отсликуваат тоа движење и испраќаат до одредени ИТ-уред  во МВР.

  И во тој дел, рече, се постигнува  покриеност.


-Инаку, во фаза сме на набавка на дронови коишто исто така ќе се користат за обезбедување на сите гранични линии, зборувам за РЦ Север, Југ, Исток и Запад со тоа што преминуваме кон една нова фаза, во една модерно време кај што човечкиот фактор се’ повеќе се заменува со дигитализација.

Сум информиран дека деновиве имаме извршено апсење на едно лице кое давало мито на граничен полицаец.

Тоа е тоа што го зборував и во текот на вчерашниот ден дека со дигитализација се бориме против корупцијата и ја зголемуваме свеста на македонската полиција дека таквите работи не се добри и дека треба да ги одбиваат и да ги пријавуваат, а сторителите да бидат уапсени, изјави  тој.

Одговарајќи на новинарски прашања рече декаа набавката на дроновите привршува.  -Мислам дека за некој месец ќе пристигнат дроновите, тоа е во финална фаза.

Сите полицајци на граничниот премин Табановце и Блаце се обезбедени со боди камери и така сите криминални влијанија ги снимаме на лице место.

Затоа ќе кажам дигитализацијата е многу битна во борбата против корупцијата, рече Бојмацалиев. Во однос на документите нагласи дека најмногу барања има за пасоши.

– За личните карти знаете дека важат до самиот истек, возачките важат до крајот на годината.

Во моментот е тоа што го зборував минатата недела, се соочуваме со проблем и лоша организација од страна на кабинетот на министерот кај што им земаме на граѓаните пари, ги сликаме и потоа место да ги добијат своите лични документи во 15 дена, тие ги добиваат во 50 дена.

Негде 50.

000 документи не се одобрени, тоа го зборувам од првиот ден од кога сум на оваа функција дека мораме да внимаваме процесот да движи нормално доколку граѓанинот го сликаме документот да го добие во 15 дена.

Според мене не е фер и не е етички на граѓанинот да му ги земеме парите, а граѓанинот пак да чека.

Подобро е да му кажеме на граѓанинот дека денеска не можело да го сликаме, да му ја пружиме таа услуга за 15 дена и за 15 дена да си ги земе документите.

Вака само ги земаме парите на граѓаните и ги ставаме граѓаните во заблуда дека ќе го имаат својот личен документ, рече Бојмацалиев ам/црФото: МВР и МИА Видео: МВР  .

Извор: МИА