Breaking News

Богоев: Системот што ќе се развие со грант од Кореја ќе детектира сомнителни пратки


Доколку некоја компанија 10 пати во месецот увезува редовно едни производи, а само еднаш месечно се увезува различна пратка која не е типична за неа, тогаш ИТ системот што ќе се развие и имплементира со грант од Република Кореја ќе алармира за можен ризик, што треба да се провери и контролира, вели директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во интервју за ТВ 24.


Овој систем е во насока на зголемување на приходите во Буџетот и борба против организираниот криминал.


Ова значи повеќе пари во Буџетот за болници, за автопати, за училишта, пензии, плати и слично, вели директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во интервју за ТВ 24. .

Извор: МИА