Breaking News

Бочварски ќе изврши увид во изградбата на браната на река Отиња во Штип


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид во изградба на браната на река Отиња во Штип. Браната е инвестиција на Владата, во износ од преку 300 милиони денари.


Со проектот е предвидено да се изведе камено-земјена брана во висина од 33 метри.


Таа пред сè ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во градот и интервентно дополнување на водоводниот систем со сурова вода.

Како што е најавено, предвидени се изјави за медиуми на браната Отиња во Штип. мд/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА