Breaking News

Бочварски – Дрекслер: Ја зголемуваме економската соработка меѓу двете земји


Соработката меѓу Северна Македонија и Германија е на одлично ниво и треба да продолжи во сите области кои се од заемен интерес.


Северна Македонија е посветена на евроинтеграциите, а поддршката од Германија е повеќе од добредојдена, констатираа на денешната средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Петра Дрекслер.


Како што информира Министерство за транспорт и врски, Бочварски информираше за силниот инвестициски циклус во инфрастурктурата со посебен осврт на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.

Тој на средбата истакна дека и Северна Македонија го либерализираше железничкиот пазар, процес нотиран од страна на Европската Комисија.


На средбата се разговараше и за добрата поврзаност со Германија во делот на авиосообраќајот.

– Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и таа несомнено треба да продолжи во сите области кои се од заемен интерес.


Северна Македонија е посветена на евроинтеграциите, а поддршката од Германија е повеќе од добредојдена.

Имаме одлични релации во авиосообраќајот и во делот на патниот транспорт, каде минатата година го зголемивме контингентот на дозволи за македонските транспортери и тоа во делот на билатералните дозволи, транзитните дозволи и за и од трети земји, нагласи министерот Бочварски.


Бочварски, како што се наведува, се заблагодари за силната поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. мд/дма/Фото: Министерство за транспорт и врски   .

Извор: МИА