Breaking News

Блинкен пред турнејата на Блискиот Исток на разговори во Турција за војната Израел-Хамс


Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска е во Турција на разговори пред неговата турнеја на Блискиот Исток, а на дневен ред е војната Израел-Хамас во Газа.


Ова е четврта турнеја на Блинкен во регионот за три месеци.


Блинкен денеска во Истанбул треба да се сретне со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и со претседателот Реџеп Таип Ердоган, пред да замине за Грција, јави државната новинска агенција Анадолија.

Покрај конфликтот во Газа, на врвот на агендата се очекува да бидат и членството на Шведска во НАТО – што Турција се уште го нема ратификувано, како и продажбата на борбени авиони Ф-16 на Анкара.


– Турција игра клучна улога во решавањето на регионалните безбедносни прашања, вклучително и спречувањето на ширењето на конфликтот во Газа, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер на социјалната мрежа Х по пристигнувањето на Блинкен во Истанбул.

во рамки на турнејата низ Бликсиот Исто, предвидено е Блинкен да ги посети Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, како и Израел, Западниот Брег и Египет.


Според најавите од Вашингот, целата на посетата е да се спречи ескалација на војната во Газа.

Вашингтон, исто така, сака да обезбеди зголемена хуманитарна помош за Газа и ослободување на преостанатите заложници што ги држат милитантите на Хамас. са/Фото: Анадолија .


Извор: МИА