Breaking News

Блинкен ќе ја посети Кина од 24 до 26 април, соопшти американскиот Стејт департмент


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ја посети Кина од 24 до 26 април, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.


Теми на разговор ќе бидат Украина, Блискиот Исток и ситуацијата во Јужното Кинеско Море.


Според висок американски функционер, Блинкен има намера да изврши притисок врз Кина поради воената поддршка што и ја дава на Русија.

Тој е подготвен да дејствува против кинеските компании кои и помагаат на Москва во воените дејствија во Украина. „Подготвени сме да преземеме чекори против компаниите кои . . .


ја поткопуваат безбедноста и во Украина и во Европа“, рече неименуваниот претставник. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА