Breaking News

Блинкен допатува во Саудиска Арабија, првата дестинација од неговата петта блискоисточна турнеја


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Саудиска Арабија, првата дестинација на неговата блискоисточна турнеја.


Блинкен се очекува во Ријад да се сретне со саудискиот престолонаследник и владетел на судското кралство Мохамед бин Салман, како и со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд.


Задачата на Блинкен е да се обиде да ги унапреди напорите на официјален Вашингтон да преговара за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел, како и да поттикне напредок во преговорите за управувањето со Појасот Газа по војната.

Петтата посета на американскиот државен секретар на овој регион доаѓа во чувствителен момент и во време на американски напади врз фракциите поддржани од Иран со седиште низ Сирија, Ирак и Јемен, како одговор на минатонеделниот напад со беспилотно летало во Јордан, во кој загинаа тројца и беа ранети десетици американски војници.


Блинкен оваа недела ќе ги посети Египет, Катар и Израел, продолжувајќи ја својата блискоисточна турнеја, во обид да поттикне напредок во разговорите со посредство на Египет и Катар за ослободување на заложниците од Појасот Газа.

паг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА