Breaking News

Бизнис форум: Економска интеграција на Западен Балкан со ЕУ, влијание на словенечките компании во Северна Македонија


Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски претприемачи, Стопанската комора на Северна Македонија, Институтот за стратешки решенија и Спирит Словенија денеска организира бизнис форум насловен „The water is rising: Running a Business while Managing Crises”.


Една од темите на форумот ќе биде и економската интеграција на Западен Балкан со ЕУ.


Целта на настанот е да се разгледа влијанието на словенечките компании во Северна Македонија, да се изнајдат синергии за идна соработка и да се сврти вниманието кон сите постоечки и очекувани локални и глобални предизвици.

Годинашниот настан во Скопје ќе го разгледа влијанието на климатските промени и геополитиката врз управувањето со ризици и бизнисот. мч/аа/фото: Амбасада на Република Словенија .


Извор: МИА