Breaking News

Битолскиот театар гостува на Фестивал на актерот во Никшиќ


 Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе настапи на меѓународниот Фестивал на актерот кој се одржува во црногорскиот град Никшиќ.


Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат актерките и актерите Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.


– Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ, е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки, потсетуваат од НУ Народен театар-Битола во пресрет на вечерашниот настап во Никшиќ.

Во натпреварувачката програма на меѓународниот Фестивал на актерот, освен НУ Народен театар-Битола, учествуваат Народен театар-Сараево, Народен театар-Белград, Центар за култура-Тиват и Народен театар-Бања Лука.


Фестивалот на актерот во Никшиќ годинава се одржува под мотото „Така е (ако така ви се чини)“. мт/мд/Фото: МИА .

Извор: МИА