Breaking News

Битиќи: Предвидлив и стимулативен амбиент за нови инвестиции на домашните компании 


Имаме инвестициски бран од околу 500 милиони евра преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој создаде над 5. 000 нови работни места со достоинствени плати за нашите граѓани.


За ова да се случи, обезбедивме финансиска поддршка од околу 100 милиони евра, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања во техничката Влада Фатмир Битиќи.


Тој беше во посета на „Галафарм“, компанија од фармацевтската индустрија, која е една од 919 компании во портфолиото на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Оцени дека Владата со конзистентни политики и мерки  обезбедува предвидлив и стимулативен амбиент за нови инвестиции.


Ја истакна важноста, како што рече, на изедначувањето на домашните и странските компании во условите за пристап до финансиска поддршка од државата за нивните инвестиции.

-Компанијата ја посетувам во момент на реализација на инвестициски циклус започнат во 2022 година.


Станува збор за проширување на палетата на фармацевтски призводи со нови таблети и прашоци, односно витамини, антибиотици и цитостатици.

Според инвестицискиот план, инвестицијата треба да биде завршена во 2026 година, а нејзината вкупна вредност ќе изнесува  околу четири милиони евра.


  Минатата година согласно Законот, компанијата беше поддржана со 4. 500. 000 денари (4. 467. 422 денари) или околу 73. 000 евра за нејзините инвестиции oд 440.

842 евра во нова опрема и know how во 2022 година, рече Битиќи.

 Според него, успешното работење и развој на „Галафарм“ е само еден од примерите во реалниот сектор на економијата, кој зборува, како што рече, за резултатите на конзистентните политики и мерки на Владата за предвидлив и стимулативен амбиент за нови инвестиции.

лв/вј/ .

Извор: МИА