Breaking News

Битиќи: Падот на инфлацијата продолжува и во јули


Падот на стапката на инфлација продолжува и во месец јули 2023 кога е измерен раст на трошоците за живот од 8,4 проценти, и како што и беше најавувано изминативе неколку месеци, Владата максимално посветено работи со сите расположливи мерки истата да ја сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да го заштити стандардот на граѓаните, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на „Фејсбук“.


– Овие бројки се во согласност и со владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9 проценти.


Од друга страна оваа Влада посветува големо внимание и на креирање на позитивна бизнис клима, каде компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат компетитивни плати чиј раст на годишно ниво ќе биде далеку над растот на трошоците на живот, наведува Битиќи.

Вицепремиерот очекува растот на просечната плата и понатаму да продолжи со двоцифрени стапки и да биде значително над растот на трошоците на живот. бак/са/Фото: Фејсбук статус на вицепремиерот .


Извор: МИА