Breaking News

Битиќи и Шаќири во посета на новоизграденото училиште „Визбегово“ во Бутел


Вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерoт за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе извршат увид на новоизграденото основно училиште „Визбегово“ во Скопје.


Како што информираат од Владата, новоизграденото училиште се наоѓа во Општина Бутел, а по обиколката на училиштето, предвидени се изјави за медиуми. бт/мд/Фото: МИА архива .


Извор: МИА