Breaking News

Билчик: Потребна е вистинска истрага за настаните во Бањска


Известувачот на Европскиот парламент за Србија Владимир Билчик денеска го оцени како неприфатлив неодамнешниот конфликт на север во Косово и повика на вистинска истрага.


„Она што се случи во Бањска во Косово е неприфатливо. Ни треба вистинска истрага за сите настани и за пукањето“, напиша Билчик на социјалната мрежа Х.


Тој додаде дека Белград и Приштина имаат огромна одговорност да се вратат на значаен дијалог. Според него, нестабилноста и користи само на Русија и ја загрозува регионалната безбедност. ссм/ .

Извор: МИА