Breaking News

Без вода ул. „Методија Патчев“, „Иван Хаџиниколов“ и „Бранко Зрењанин“


Поради дефект на затворач ф-150 мм на крстосницата „Методија Патчев“ и „Иван Хаџиниколов“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овие две улици и од ул. „Бранко Зрењанин“.


Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 9:40 часот до завршување со санација на дефектот. дма/лв/


Фото: МИА архива

Скопје, 11 април 2023 (МИА)