Breaking News

Без вода дел од жителите на општина Кисела Вода


Без вода денеска од 10:35 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Корџевска“, „Тошевска“, „Сердарот“ и „Јустинијан Први“ во општина Кисела Вода.


 Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради скината цевка на улица „Корџевска“ без број од страна на приватна компанија.


 Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со санација на дефектот. мд/аа/Фото: МИА архива .

Извор: МИА