Breaking News

Без вода дел од улицата „Питу Гули“ во населбата Водно


Прекинато водоснабдување утрово ќе имаат корисниците на дел од улицата „Питу Гули“ во населбата Водно.


Прекинот во водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, е поради дефект на хидрант на ул. „Питу Гули“ 36 во населбата Водно.


Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:20 часот до завршување со санација на дефектот. дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА