Breaking News

Без вода дел од општина Центар


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Петар Попарсов“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“,  „Диме Аницин“ и „Роза Луксенбург“.


Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект од од ф – 80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ број 16.


Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. мд/ев/Фото: МИА .

Извор: МИА