Breaking News

Без вода дел од општина Гази Баба


Без вода денеска од 8 часот ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „512“, „515“, „516“, „520“, „Ист Гејт Мол“ , објектот на Топлификација, објектот на општина Гази Баба, хотел „Континентал“, булевар „Александар Македонски“, улица „808“, Скопска Пивара, Алкалоид, ЈСП „Скопје“ и „Кока Кола“.


Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затворач ф-600 милиметри на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ и „Шеснаесетта македонска бригада“.


Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со активностите.

 Намален притисок од 8 часот ќе имаат дел од корисниците од булеварот „Киро Глигоров“ и дел од населбите Автокоманда, Хиподром, Маџари, Ченто, Трубарево и Стајковци.


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Беласица“, „Хусеин Бајрам“, дел од кеј „Димитар Влахов“ и улиците „164“, „165“, „166“ и „171“ во близина на  трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.

Прекинот е поради промена на затворач ф-600 милиметри на улицата „Беласица“ без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. мд/дма/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА