Breaking News

Без вода дел од Кисела Вода


– Поради уличен дефект од ф – 200 мм на крстосницата меѓу улиците „Христо Татарчев“ и „Народни Херои“ кај Мечкаров, општина Кисела Вода, без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на овие улици.


 Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 9 часот па сѐ до отстранување на дефектот.


– Без вода ќе останат корисниците лоцирани во правец од крстосницата меѓу улиците „Христо Татарчев“ со „Народни Херои“ до крстосницата меѓу улиците „Христо Татрчев“ со „Козјак“, како и дел од корисниците од улица „Козјак“, општина Кисела Вода, стои во соопштението од РЦУК.

ар/мд/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА