Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат повеќе корисници во Центар, додека без вода, дел од корисниците на општина Карпош.
Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул. „Наум Наумовски – Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.
Исто така дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без снабдување со вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. -На ден 08. 04.
2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10,00 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.
„Џумајска“ во општина Карпош, стои во соопштението. нд/мд/Фото: МИА архива .
Извор: МИА