Breaking News

Без струја делови од Гази Баба, Аеродром и Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Гази Баба, Аеродром и Карпош, информираат од РЦУК Скопје.


Во периодот од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „15 – ти Корпус“ во општина Гази Баба, од 8:30 до 15:00 часот корисниците од ул. „Тодор Чангов“ подулици број 41, 43, 44, 45 и 47 во општина Аеродром, од 9:00 до 14:30 часот објектите лоцирани на бул. „Осми Септември“ спроти Stop& Go во општина Карпош, а од 10:00 до 14:00 часот корисниците од ул. „Анастас Митрев“ лоцирани околу маркет „Кипер“ во општина Аеродром. дма/лв/


Фото: МИА архива

Скопје, 11 април 2023 (МИА)