Бесплатен разглед на Скопје во сабота по повод Светскиот ден на туристички водичи


По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота ќе организира бесплатен разглед на градот Скопје.


Разгледот ќе се одржи во два термини, во 12 и во 13 часот, со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.


-Во сабота ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи.

Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат, велат од Асоцијацијата на туристички водичи.


Истовремено од Асоцијацијата соопштија дека ќе организираат бесплатен разглед и на Охрид и Битола. бт/дма/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА