Breaking News

Бесими: Во Буџетот не се предвидени дополнителни средства за раст на платите на функционерите


Во Буџетот не се предвидени дополнителни средства за дополнителен раст на платите на функционерите во март наредната година. Тоа е став на Владата и соодветно на тоа ќе има законски измени.


Политиката е јасна, решенијата ќе следат, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по Министерскиот состанок за планот за раст на Западен Балкан.


Според Бесими, има работна група која работи на ова прашање и ќе излезе со решение, со конкретен предлог, тогаш и Владата ќе даде конкретен одговор.

-Денес не можам да ви одговорам, зашто се работи на тој план. Ова прашање го кажа и премиерот.


Има работна група која ќе дојде со предлог решение во Влада и Владата ќе излезе конкретно со став по тоа прашање, а во однос на тоа што во моментов законите го предвидуваат, раст во март, за да даде јасен сигнал Владата дека работи во таа насока, не се предвидени дополнителни пари во Буџетот за таа намена, истакна Бесими по Првиот министерски состанок за планот за раст на Западен Балкан.

мч/ев/ фото: принт скрин    .


Извор: МИА