Breaking News

Бесими: Граѓанските обврзници се безризична инвестиција која ќе им донесе приноси на граѓаните


Граѓанските обврзници се безризична инвестиција којашто ќе им донесе приноси на граѓаните и ќе ја заштити вредноста на нивните заштеди од ефектите од инфлацијата и ќе ја унапреди севкупно сигурноста на нивното портфолио.


Овие долгорочни хартии од вредност, што државата ќе почне да ги издава следниот месец, ќе донесат голем број придобивки, како за граѓаните, така и за економијата.


Тие ќе ја поттикнат инвестициската активност, ќе ја намалат готовината во оптек – што е еден од начините за сузбивање на сивата економија, но и ќе влијаат и на натамошниот развој на пазарот на хартии од вредност во земјава, пишува во својата најнова колумна, министерот за финансии Фатмир Бесими.

  .


Извор: МИА