Breaking News

Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета


Судот во Тирана, поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, го прогласи за виновен за клевета врз основа на тужба поднесена од актуелниот премиер Еди Рама.


Ова е четврти пат како Рама добива судски процес за клевета против Бериша.


-Судијката Енкела Бајо, во одлуката наведува дека објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета.

Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки, објави Топ чанел.


Поранешниот премиер, сега лидер на побројното крило на опозициските демократи,  објавил порака во која врз основа на допрен глас тврди дека „поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, му  давал пари на Рама со торби“.

Претходно премиерот Рама има добиено три други судски постапки за клевета со Сали Бериша, како што ги доби и судките постапки  со Љуљзим Баша, Албана Вокши, Арбен Имами и Јорида Табаку, кои исто така, беа прогласени за виновни за клевета против него од страна на судот.


вт/ .

Извор: МИА