Breaking News

Бела куќа: Се подготвува предлог за ослободување на Гершкович и Вилан 


Се подготвува нов предлог до Русија за ослободување на новинарот на „Волстрит џурнал“ Иван Гершкович и на уште еден Американец задржан од властите во Москва, изјавија синоќа од Белата куќа.


 -Работиме напорно да видиме што можеме да се стори да добиеме уште еден предлог што би можел да биде поуспешен, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.


 Кремљ отфрлил еден предлог досега, изјавија претходно од Стејт департментот.  Гершкович е затворен од март под обвинение за шпионажа.

Неговиот работодавец и американската влада ова жестоко ги демантираат.  Затворот на Гершкович ја нагласува повеќегодишнте репресии на Москва врз слободата на печатот, велат експертите.


 Другиот Американец е Пол Вилан, поранешен американски маринец кој беше уапсен во Москва во 2018 година и моментално отслужува 16 годишна затворска казна поради обвиненијата за шпионирање што тој и американската влада исто така ги негираат.

 -Секогаш сме охрабрени кога гледаме знаци дека владата работи на ослободување на Иван и Пол.


Многу се надеваме дека тие напори ќе вродат со плод наскоро, Пол Бекет, помошник уредник на весникот, изјави за дел од американските медиуми. .

 Бекет ја води кампањата на весникот за ослободување на Гершкович.


 Веста од Белата куќа дојде еден ден откако државниот секретар Ентони Блинкен рече дека Вашингтон „ работи многу активно “ на ослободување на Гершкович и Вилан.

 Стејт департментот претходно овој месец соопшти дека Русија го одбила „суштинскиот“ предлог за ослободување на Гершкович и Вилан.

 Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин прати сигнал дека постои некаква воља за „постигање договор“ меѓу Москва и Вашингтон за ослободување на Гершкович и Вилан. кб/ссм/ .

Извор: МИА