Бектеши од Вашингтон: Засилените инвестиции во инфраструктурно и енергетско поврзување на регионот се силен позитивен импулс за странските инвеститори


Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета во Вашингтон, САД денеска учествуваа на тркалезна маса со експерти и надворешни соработници на Атлантскиот совет во Вашингтон на тема евроинтеграцијата на Северна Македонија, и регионалните состојби и проекти.


Министерот Бектеши пред експертите од Атлансткиот совет истакна дека потпишување на Договорот од Преспа придонесе за зголемување на безбедноста и стабилноста на земјата што е важно не само за Северна Македонија туку за сите земји во регионот.


Истакна дека Владата на Северна Македонија е фокусирана на мерки за економското закрепнување и долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата, со главен фокус зголемување на привлечноста на странски инвеститори.

-Засилено инвестираме во подобрување на патната и енергетската инфраструктура во земјата. Поддршката од САД како наш стратешки партнер е од големо значење за забрзување на овие процеси.


Подобрувањето на регионалната поврзаност и зголемувањето на енергетската независност со диверзификација на изворите на снабдување со енергенси е силен позитивен импулс за странските инвеститори и секако за целокупната економија, рече Бектеши.

Министерот Бектеши на тркалезната маса говореше и за проектите чија реализација е тек, како и идните планови за регионално и меѓународно поврзување, а ги презентираше условите и можностите за реализација на инвестициски проекти во земјата, пред се во делот на зелена енергија и обновливи извори кои ја ппзиционираат земјата како лидер во регионот во делот на енергетската трансформација.


Кажа дека секоја криза, како што беше и енергетката криза треба да се гледа како шанса и можност за целиот регион со што ќе придонесе просперитет за сите граѓани.

Министерот Бектеши информираше дека Северна Македонија засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси, а ги претставни и економските, технолошките и инвестициските потенцијали на нашата земја.


Земјата, како што кажа министерот Бектеши започна инвестиции во делот на инфраструктурата во енергетскиот сектор, а се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија.

Овие инвестиции како што истакна министерот се значајни за поврзување и економски раст на целиот регион.

Вицепремиерот Маричиќ се осврна на сите чекори кои ги направи и сеуште ги прави Владата за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во Европската унија.

Јорн Флек виш директор во Атлантскиот совет истакна дека Северна Македонија е позитивен пример и успешна приказна во регионот за стабилност и сигурност што беше постигнато со Договорот од Преспа и со членството во НАТО.

мч/дма/Фото: Министерство за економија .

Извор: МИА