Breaking News

Бектеши: Мерките даваат резултати, инфлацијата во септември намалена во однос на август


Министерот за економија Крешник Бектеши во објава на „Фејсбук“ оценува дека владините мерки даваат резултати за што показател е намалувањето на инфлацијата во септември во однос на август.


  – Мерките кои ги носи Министерството за економија даваат резултат. Над 55 проценти од граѓаните во дел од спроведените анкети ги поддржуваат антикризните мерки на Владата.


Според последните податоци на Државниот завод за статистика инфлацијата во септември се намали на 6,6 проценти, споредено со 8,3 проценти во август 2023 година.

Намалување на трошоците за живот во септември според податоците на Заводот за статистика, споредено со август се бележи во делот на храна и пијалоци, напиша Бектеши. бак/Фото: МИА архива .


Извор: МИА