Breaking News

Бектеши ќе учествува на деветтиот „FMCG SUMMIT“


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува и ќе се обрати на деветтиот „FMCG SUMMIT“, кој се одржува во организација на магазинот „InStore“ и „Кликер маркетинг“.


Како што информираат од Министерството за економија, Бектеши ќе биде дел од панел-дискусијата со релевантни претставници од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка на тема „Кој добива, а кој губи со актуелните мерки? Секторот VS Владата“.


фф/хс/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА