Breaking News

Бајден со закана до ајатолах Хамнеи: Жестоко ќе одговориме доколку продолжите да напаѓате Американци на Блискиот Исток


Американскиот претседател Џо Бајден испрати ретка порака до иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупредувајќи го Техеран да не ги гаѓа американските војници на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, по серијата напади врз американските сили во регионот.


-Испратена е директна порака, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг, но не даде детали.


Американските власти сакаат да избегнат поширок конфликт на Блискиот Исток по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа најмалку 1. 400 лица во Израел, главно цивили.

Околу 900 дополнителни американски војници се упатени или неодамна пристигнаа на Блискиот Исток за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да го заштитат американскиот персонал во услови на пораст на нападите во регионот од групи поврзани со Иран, соопшти Пентагон, пренесува Индекс.


хр. Само минатата недела американската војска беше нападната најмалку 12 пати во Ирак и четири пати во Сирија, додаде Кирби.

Бајден пред два дена изјави дека го предупредил ајатолахот дека САД ќе одговорат доколку американските сили продолжат да бидат цел на напади, но не кажа како е пренесена пораката.


-Моето предупредување до ајатолахот е дека ако продолжат да дејствуваат против армијата, ние ќе одговориме, а тој треба да биде подготвен.

Тоа нема никаква врска со Израел, им рече Бајден на новинарите. сд/фото:ЕПА .


Извор: МИА