Breaking News

Бајден: Блокадата на владата не е неизбежна 


Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа изјави дека делумната блокада на работата на владата не е неизбежна, но ако се случи, може да влијае негативно на важните работи во науката и здравството.


 Во разговор со новинари на настап пред група советници по наука и технологија во Сан Франциско, Бајден изјави дека не смета дека што и да било во политиката е неизбежно.


 Блокадата на американската федерална влада може да се случи овој викенд.  -Ако владата ја запре работата, тоа ќе се одрази на многу животно важни работи во сферата на науката и здравството.

Тоа се истражувања во онкологијата или безбедни производи за исхрана, изјави Бајден.


 Додаде дека на американскиот народ му треба „нашите републикански пријатели во Претставничкиот дом да ја вршат својата работа и да ја финансираат владата“.

 Законодавците во Сенатот денеска подготвуваат гласање што можеби нема да помине во Претставничкиот дом за привремено продолжување на финансирањето на федералната влада да се избегне блокада.


Крајниот рок е  30 септемеври кога истекува оваа фискална година. Мнозинство во Сенатот се демократите, додека Претставничкиот дом е контролиран од републиканците. кб/ сд/ .

Извор: МИА