Breaking News

Австралија донесе закон што овозможува превентивен притвор за мигрантите


Австралија денеска усвои закон со кој се дозволува мигрантите кои биле притворени,  повторно да се притворат, доколку постои ризик да извршат сериозни прекршоци откако биле пуштени на слобода.


 Според новите прописи што ги донесе парламентот, судот може да им одреди притвор на најтешките криминалци, доколку претставуваат ризик за „извршување тешко насилство или сексуални деликти“.


 Вишиот суд на Австралија минатиот месец пресуди дека неидентификуван маж Рохинџа, кој бил без државјанство,  незаконски бил задржан во имиграциски притвор откако отслужил казна за сексуални престапи со деца, бидејќи ниту една земја не се согласила да го прими и немало реални шанси да биде депортиран.

 Пресудата доведе до ослободување на неколку престапници, вклучувајќи и бегалци и лица без државјанство, кои, исто така, веројатно нема да бидат депортирани.


 Медиумите во Австралија јавуваат дека од изрекувањето на пресудата на судот на 8 ноември, досега за нови кривични дела се обвинети четири лица.

Заедно со превентивниот притвор, новиот закон, исто така, им дозволува на властите да воведат ограничувања за движење, електронски уреди за следење и строги барања за виза. сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА