Breaking News

АВМУ реагира поради отстранувањето на смимателите од седницата на Судскиот совет


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осудува отстранувањето на присутните сниматели на вчерашната седница на Судскиот совет и посочува дека ваквиот непрофесионален однос кон медиумите придонесува не само за фрлање сенка врз транспарентноста на судството, туку и за нарушување на правото на јавноста да биде целосно информирана за работата на судските власти.


– Потсетуваме дека е особено важно на сите новинарски екипи да им се обезбеди непречен пристап за известување од настани кои се од јавен интерес, во насока на обезбедување транспарентност и отчетност на институциите, се наведува во реакцијата на АВМУ.


са/ .

Извор: МИА