Breaking News

АВМУ: Осуда на заканите упатени кон новинарка на ТВ Алсат-М


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува експлицитните закани упатени кон новинарката на ТВ Алсат-М, Рита Бехадини, од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.


Неопходно е новинарите и медиумските работници да ја вршат својата работа непречено, без какви било заплашувања и притисоци. Заканите по живот, вклучително и оние на социјалните мрежи претставуваат кривично дело и надлежните органи треба да дејствуваат во насока на брзо разрешување на случајот и изрекување соодветни санкции.


Извор: МИА