Breaking News

Авион на „Џапан Ерлајнс“ се запали на аеродромот Ханеда


Авион на „Џапан Ерлајнс корпорејшн“ (Japan Airlines Co. ) се запали денеска на аеродромот Ханеда во Токио, соопшти авиокомпанијата.


Пожарникарската служба во Токио информира дека пожарот можеби бил предизвикан од судир на авион со авион на јапонската крајбрежна стража.


Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам соопшти дека го истражува случајот. мс/фото: Принтскрин .

Извор: МИА