Breaking News

Авиокомпаниите ја повикуваат Европската комисија да ги ублажи последиците од штрајковите


Европските авиокомпании ја повикаа Европската комисија да преземе повеќе активности за да ги ублажи последиците од штрајковите, објави денеска „Ерлајнс фор Јуроп“ (Airlines for Europe).


Тие повикуваат на задолжителна арбитража со синдикатите за контрола на летање пред да стапат во штрајк, известување најмалку 21 ден пред стапувањето во штрајк и поединечно известување за учество во штрајкот.


Нивната петиција има речиси 965. 000 потписи, а доколку достигне милион, Европската комисија ќе треба да даде официјален одговор на петицијата. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА