Breaking News

Zoran Popov

Вработени во Музеите на Ватикан почнуваат работен спор без преседан за работните услови

Четириесет и девет вработени во Музеите на Ватикан започнаа работен спор без преседан поради, како што велат, неправедните и лошите услови за работа, што може да доведе до непријатна тужба против администрацијата на папата Франциск. -Вработените испратија петиција до градската управа на Ватикан во која се жалат на правилата што …

Повеќе »

Каталонските сепаратисти го губат мнозинството во регионалниот парламент

Каталонските сепаратисти го загубија мнозинството во регионалниот парламент на изборите одржани вчера во североисточниот шпански автономен регион, на кои победија владејачките социјалисти во земјата на премиерот Педро Санчез. Поддржувачите на независноста владеат со Каталонија една деценија, а изборите се гледаа како можност за нивниот прогонет лидер Карлес Пучдемон, кој го …

Повеќе »

Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите

– Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми. Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат …

Повеќе »

Во грузискиот парламент ќе започне последното читање на предлог-законот за странски агенти

Во грузискиот Парламент денеска ќе започне последното читање на предлог-законот за странски агенти, што предизвика масовни протести во Грузија, јави ДПА. -Третото и последно читање на законот ќе започне денеска во Тбилиси, а пленарното гласање е закажано за утре, изјави претседателот на парламентот Шалва Папуашвили. Партијата на владејачкото мнозинство Грузиски …

Повеќе »

Британскиот министер за одбрана изјави дека неговиот нов руски колега ќе биде марионета на Путин

Британскиот министер за одбрана, Грант Шапс изјави дека неговиот иден руски колега, Андреј Белоусов ќе биде марионета на Путин, јави ДПА. Путин вчера го предложи економистот Белоусов – досега прв вицепремиер во владата, за нов министер за одбрана на местото на Сергеј Шојгу. Иако се сметаше за близок до Путин, …

Повеќе »

НАТО Младински самит 2024 „Обликување на вашето утре“ 

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг денеска ќе учествува на НАТО Младинскиот самит 2024, кој е насловен „Обликување на вашето утре“.  Организатор на Самитот, што ќе се одржи во комбиниран формат – онлајн и во живо во Стокхолм и во Мајами, е НАТО во соработка со Институтот „Аспен“, неговата …

Повеќе »

Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата 

Најновите макроекономски случувања и перспективи во Еврозоната ќе бидат главна тема на денешниот состанок во Брисел на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ што го користат еврото како валута, познат како заседание на Еврогрупата.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предвидено е претседателот на Еврогрупата, ирскиот …

Повеќе »

Дводневно заседание на Советот за образование, млади, култура и спорт на ЕУ 

Министрите од земјите членки на ЕУ задолжени за ресорите образование, млади, култура и спорт денеска и утре ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за низа теми, меѓу кои и за младинските политики, примената и влијанието на вештачката интелигенција во образованието и културата, состојбата на медиумскиот систем во Унијата …

Повеќе »

Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара

– Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во работна посета на Анкара и попладнево ќе сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина. Во пресрет на посетата на Мицотакис на Турција, што воедно е и возвратна средба по посета на Ердоган на Атина во декември …

Повеќе »