Breaking News

Zoran Popov

Османи положи цвеќе на спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска го посети спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина.  Османи положи цвеќе на местото на авионската несреќа од 2004 година во која животот го загубија претседателот Трајковски и осум …

Повеќе »

Орбан го спореди проектот за обединување на ЕУ со стремежот на Хитлер за светска доминација

– Унгарскиот премиер Виктор Орбан го спореди проектот за обединување на ЕУ со стремежот на Адолф Хитлер за светска доминација, јави ДПА. – Уште од крајот на Римската империја, се прават напори за повторно воспоставување на истата територија, изјави десничарскиот лидер во унгарскиот град Веспрем. – Византија, Карло Велики, германскиот …

Повеќе »

Зеленски на средба со Матарела

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Рим и се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела, а се очекува да се сретне и со други италијански функционери и со папата Франциск, јави ДПА. Зеленски пристигна во палатата Квиринал, официјалната резиденција на Матарела во италијанскиот главен град, нешто по 12 …

Повеќе »

Финансиските лидери на Г7 ветија дека ќе ја запрат инфлацијата и ќе ги зајакнат синџирите на снабдување

– Финансиските лидери на Групата седум најбогати либерални демократии (Г7) на крајот од тридневниот состанок во Јапонија изразија поддршка за Украина и решеност да се обезбеди спроведување на санкциите против Русија поради нејзината агресија. Министрите за финансии на Г7 и шефовите на централните банки ги завршија разговорите во Нигата, Јапонија, …

Повеќе »

Совет за македонски јазик: Да се прогласи „Културен комплекс Блаже Конески“

Советот за македонски јазик покрена иницијатива родната куќа на Блаже Конески во Небрегово и училницата во селското училиште каде учел прво одделение да се прогласат за „Културен комплекс Блаже Конески“. Ова е воедно и одлука од последната седница која Советот, симболично ја одржа во спомен-куќата во Небрегово. Како што објаснува …

Повеќе »

Германија најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра

– Германската Влада денеска соопшти дека подготвува нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра, вклучувајќи и испорака на бројни тенкови, оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана. – Сите ние сакаме брз крај на оваа ужасна војна на Русија против украинскиот народ, но за жал …

Повеќе »

Киев: Најмалку 480 деца се убиени од почетокот на војната

– Најмалку 480 деца се убиени од почетокот на војната, соопшти украинското државно обвинителство. Оттаму додаваат дека од почетокот на руската инвазија на Украина, повредени се 968 деца. Последните податоци покажуваат дека се евидентирани 86. 237 злосторства на агресија и воени злосторства, заедно со 17. 123 злосторства против националната безбедност. …

Повеќе »

Албанските граѓани утре избираат нова локална власт

– Во Албанија утре се одржуваат локални избори, трети по ред по новата територијална поделба усвоена во 2014 година, кога од 365 функционираат 61 општина. По завршувањето на едномесечната изборната кампања на политичките партии, преполна со меѓусебни обвинувања и ветувања за подобра иднина, од синоќа на полноќ, до утре во …

Повеќе »

Советот на амбасадори беше домаќин на делегацијата на Американските амбасадори што ја посетија земјава

Советот на Амбасадори од 11 до 13 мај беше домаќин на посетата на делегација од Советот на Американските Амбасадори предводена од претседателот Антони Чорба. . Извор: МИА

Повеќе »

Бесими: Европската перспектива ќе се гради низ предизвици и храбри одлуки

Европа нема да биде создадена одеднаш, ниту пак според еден единствен план. Таа ќе биде изградена преку конкретни достигнувања, од кое првото е солидарноста“ – Роберт Шуман, еден од основоположниците на Европската Унија . Извор: МИА

Повеќе »