Breaking News

Toni Ivanoski

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Кочани

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Кочани. За време на престојот во Кочани, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации. Тој ќе учествува и на кафе-дебата …

Повеќе »

Презентација на мониторинг извештаите за родова еднаквост

Рурална коалиција денеска ќе ги презентира локалните мониторинг извештаи за родова еднаквост кои во изминатиот период беа изработени за вкупно шест пилот општини: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани. Мониторингот на работата на комисиите за еднакви можности на 6-те општини распространети во три различни плански региони е дел од …

Повеќе »

Десетгодишно девојче пронајдено живо под урнатините 90 часа по земјотресот во Турција

Десетгодишно девојче е пронајдено живо деведесет часа по земјотресот што во понеделникот ја погоди Турција, соопштија спасувачки тимови. Според соопштение, првото нешто што девојчето го побарало откако било спасено било млеко. Таа била заробена под урнатините на зграда во провинцијата Хатај, јавија турски медиуми. Спасувачки тим од Анталија слушнал „звук …

Повеќе »

Бектеши и Ковачевски на средба со новинари за енергетската криза во државата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи брифинг за медиуми за состојбата со енергетската криза во државата. На брифингот ќе присуствува и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. мч/мд/

Повеќе »

Николовски ќе ги презентира годишните програми за работа на МЗШВ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на брифинг со новинари, ќе ги презентира програмите за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во 2023 година. Во програмите, како што наведува МЗШВ, се предвидени нови мерки за поддршка на земјоделците кои Николовски детално ќе ги образложи. …

Повеќе »

Наутро студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од северен правец

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје наутро многу студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер …

Повеќе »

Општина Струга издвои 600.000 денари за настраданите во Турција и Сирија

Општина Струга ќе издвои вкупно 600.000 денари од буџетот за помош на загрозените подрачја од земјотресот во Турција и Сирија. Таква одлука донел Советот на Општина Струга на денешната вонредна седница. Одлуката, како што информира за МИА претседателката на Советот Арбереша Влаши, била донесена едногласно од сите 27 советници. сс/сст/

Повеќе »

Кумановскиот невропсихијатар д-р Дудучки меѓу првите пријавени за помош на населението во земјите зафатени од разорниот земјотрес

Невропсихијатарот од Куманово, доктор Мице Дудучки е меѓу првите лекари доброволци за помош во згрижување на трауматизираното население во Турција. Тој заедно со неговиот син, психолог, ја пополниле апликацијата што ја објави Министерството за здравство за поддршка на населението кое се соочува со последици од катастрофалниот земјотрес. -Како поранешен воен …

Повеќе »

АСОМ бара средба со Гир: Ќе ви ги претставиме злоупотребите на европското знаменце во новиот закон за игри на среќа

Владата прави злоупотреба на европското знаменце, сакајќи без јавна дебата да го протне новиот Закон за игри на среќа. АСОМ му напиша писмо на евроамбасадорот Дејвид Гир, во кое искажува загриженост дека со новите законски измени, ќе се затвори една цела индустрија, а 10.000 луѓе ќе останат без работа. ,,Директно …

Повеќе »

СО НОВИОТ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ДРЖАВАТА ГУБИ 30 БОЛНИЦИ ГОДИШНО

Измените на Законот за игри на среќа кои беа усвоени на седница на Владата, а со кои се предвидува минимално растојание од 500 метри меѓу објектите каде што се приредуваат игрите на среќа и образовните установи, ќе доведат до повеќекратни штетни последици не само за вработените во оваа индустријата, но …

Повеќе »