Breaking News

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седница ќе одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски прашања.


Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат за Предлог на законот за дополнување на Законот за возила, во второ читање.


На дневен ред на Законодавно-правната комисија се неколку точки – Предлог на законот за дополнување на Законот за возила, во второ читање, Барањето за давање на автентично толкување на член 20 точка 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија” бр.23/11, 54/11, 155/12, 53/13, 72/13, 44/14, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15, 31/16 и 190/17), поднесено од градоначалникот на Општина Кавадарци и Барањето за давање на автентично толкување на член 93-а од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија” број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/11, 79/13, 164/13, 29/14, 98/15 и 192/15), поднесено од пратеникот Јован Митрески. фф/ев/

Фото: МИА Архива


Скопје, 16 март 2023 (МИА)