Breaking News

Toni Ivanoski

Македонскиот институт за медиуми ги додели наградите „Никола Младенов 2022“

Истражувачката и репортерска лабораторија со сторијата „Нечиста крв“, новинарката Кристина Атовска со репортажата за војната во Украина и Арбнора Мемети со фотографијата „Врнежи од канцерогени материи во Тетово“ се добитници на годинашните награди „Никола Младенов“, што ја доделува Македонскиот институт за медиуми. Тимот на ИРЛ, кој работеше на истражувачката сторија …

Повеќе »

УНИЦЕФ: Во Пакистан 10 милиони луѓе се уште немаат вода за пиење поради минатогодишните поплави

УНИЦЕФ денеска предупреди дека по големите поплави во Пакистан, 10 милиони луѓе, вклучувајќи и деца, сè уште живеат во области без пристап до безбедна вода за пиење. Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува лошата ситуација во сиромашниот Пакистан, земја со 220 милиони жители која сè уште се бори со последиците …

Повеќе »

dm дрогерие маркт донира над еден милион денари во медицинска опрема за гинеколошкиот оддел при клиниката за радиотерапија и онкологија

Со цел давање придонес во подобрување на условите при третманот и грижата за женското здравје, во месец март – месец посветен на жената, компанијата dm дрогерие маркт донира повеќе од еден милион денари во медицинска опрема и апарати за подобрување на условите за работа во гинеколошкиот оддел при ЈЗУ Универзитетска …

Повеќе »

Јовановски: Замрзнувањето на цените не е пазарно решение

Замрзнувањето на цените не е пазарно решение, смета Зоран Јовановски, потпретседател и советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија за макроекономски прашања и јавни финансии. Според Јовановски, товарот од кризата не треба да го носи само една индустрија, туку треба да падне врз грбот на сите …

Повеќе »

ГРУПАЦИЈАТА ЛИМАК ГИ ПОДДРЖУВА ЖЕНИТЕ ВО СТЕМ-ОБЛАСТИТЕ ПРЕКУ ИНИЦИЈАТИВАТА GLOBAL ENGINEER GIRLS ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Групацијата Лимак, заедно со стратешките партнери – Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), обезбеди стипендии за 20 студентки кои студираат на инженерските факултети, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG). Овие студентки се запишани на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за информатички технологии на …

Повеќе »

Министерот за здравство, Фатмир Меџити одржа состанок со Лекарската комора

Министерот за здравство, Фатмир Меџити одржа состанок со Лекарската комора на РСМ, каде централна тема беше справување со предизвиците на миграцијата на лекарите и предизвиците со кои се соочуваат во нашата држава. На оваа средба се истакна дека го препознаваме вредниот придонес што лекарите го даваат во нашиот здравствен систем …

Повеќе »

Локални избори: Рама со кандидати во 61 општина, Бериша свои кандидати ќе има во 54, Мета во четири, Дуле во три општини

Иако крајниот рок за доставување на кандидатските листи до Централната изборна комисија на Албанија, за локaлните избори на 14 мај, е 25 месецов, главните политички ривали веќе ги потврдија листите за градоначалници во 61 општина. Владејачката Социјалистчка партија, на актуелниот премиер Еди Рама, која настапува самостојно во сите 61 општина, …

Повеќе »

Голема акција за апсење во БиХ и Словенија поради перење пари

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница. Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните …

Повеќе »

Просечната нето платата во јануари 33 943 денари

Просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33 943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт …

Повеќе »

Почина актерот Димче Мешковски

По долго боледување, вчера во неговиот дом во Лос Анѓелес, САД, почина актерот Димче Мешковски, соопштија од Драмски театар Скопје каде што доајенот на македонското глумиште беше вработен од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над …

Повеќе »