Breaking News

Toni Ivanoski

Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање. Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера. – Голема …

Повеќе »

Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април

Владата денеска ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се …

Повеќе »

Кутиров: На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра. – По претходни сознанија и основан …

Повеќе »

Стопанска комора: Се уште ја плаќаме илузијата за „бесплатен ручек“

Земјава нема доволно материјална основа, а наоѓа начин да ги испорача желбите на граѓаните и нивните очекувања. Се уште трае илузијата за „бесплатен ручек“, а бесплатен ручек во економијата не постои. Долгорочните последици од ваквата „поставеност“ се задолжување на државата. На крај, цената ќе ја плати бизнисот, рече денеска Зоран …

Повеќе »

Младите од Прилеп преку петиција бараат отворање Младински центар

Над 250 млади од Прилеп потпишаа петиција до градските власти и бараат отворање Младински центар. Иницијативата „Биди креатор на својата автономна зона – Младински центар“ ја спроведува прилепската невладина организација „Младински совет“. Досега се реализирани инфо денови, работилници, петиции, снимање аудио и радио подкасти и заклучокот е дека на младите …

Повеќе »

Утре без вода дел од улиците „Св.Наум Охридски“ и „Благоја Гојан“

Поради дефект на шибер ф 150мм на улица „Св.Наум Охридски“ раскрсница со улица „Востаничка“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Св.Наум Охридски“ и дел од „Благоја Гојан“. Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. дма/ …

Повеќе »

СКЗМ бара да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се престане со замрзнување на цените на производите

 Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) бара од Владата да го либерализира пазарот на трудот, да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји. Бара и да се престане со замрзнување на цените на основните …

Повеќе »

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ги укине член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и …

Повеќе »

Македонскиот институт за медиуми ги додели наградите „Никола Младенов 2022“

Истражувачката и репортерска лабораторија со сторијата „Нечиста крв“, новинарката Кристина Атовска со репортажата за војната во Украина и Арбнора Мемети со фотографијата „Врнежи од канцерогени материи во Тетово“ се добитници на годинашните награди „Никола Младенов“, што ја доделува Македонскиот институт за медиуми. Тимот на ИРЛ, кој работеше на истражувачката сторија …

Повеќе »

УНИЦЕФ: Во Пакистан 10 милиони луѓе се уште немаат вода за пиење поради минатогодишните поплави

УНИЦЕФ денеска предупреди дека по големите поплави во Пакистан, 10 милиони луѓе, вклучувајќи и деца, сè уште живеат во области без пристап до безбедна вода за пиење. Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува лошата ситуација во сиромашниот Пакистан, земја со 220 милиони жители која сè уште се бори со последиците …

Повеќе »