Breaking News

Toni Ivanoski

Годишно собрание на Асоцијацијата за е-трговија

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ вчера го одржа своето Годишно собрание. Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска го отвори собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравни обраќања имаа министерот за финансии, Фатмир Бесими, и директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска. Како што соопшти АЕТМ, во …

Повеќе »

Стапи во сила одлуката за замрзнување на цените на повеќе видови овошје и зеленчук

Во трговијата на мало од денеска килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа …

Повеќе »

Анкета: Нова демократија со 4,5 отсто во предност пред СИРИЗА

На месец и половина пред парламентарните избори во Грција, владејачката Нова демократија има предност од 4,5 отсто пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Во споредба со претходната анкета пред 20 дена, …

Повеќе »

Пред заминувањето за Пекинг, Емануел Макрон имаше телефонски разговор со Џо Бајден

Францускиот и американскиот претседател Емануел Макрон и Џо Бајден, пред посетата на францускиот лидер на Пекинг, телефонски се договорија да побараат од Кина да ја забрза својата помош за ставање крај на војната во Украина, соопшти Елисејската палата. – Двајцата лидери ја изразија својата заедничка подготвеност да ја ангажираат Кина …

Повеќе »

Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е нормализиран

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената …

Повеќе »

По поразот на изборите, на Ѓукановиќ му е наредено да урне две дивоградби во Никшиќ

Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. …

Повеќе »

НВО: При задушувањето на протестите во Иран убиени најмалку 537 лица

Иранските безбедносни сили убиле најмалку 537 лица во задушувањето на протестите што почнаа во септември минатата година во земјата, соопшти Иранската организација за човекови права. Во претходниот извештај на истата организација се вели дека во задушувањето на протестите биле убиени 488 демонстранти. Невладината организација со седиште во Норвешка, која објави …

Повеќе »

Без вода три улици во Центар

Поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Иљоски“ број 7, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Никола Кљусев“ и „Скопска“ во Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот, па до завршување …

Повеќе »

Францускиот Парламент ќе расправа за резолуцијата со која се повикува групата „Вагнер“ да биде прогласена за терористичка организација

Со резолуција, за која наскоро ќе се расправа во францускиот Парламент, се бара руската паравоена група „Вагнер“, која е многу активна на украинскиот фронт, да се најде на списокот на терористички организации на Европската унија, јавија француски медиуми. Необврзувачкиот текст, што пратениците ќе го разгледаат на 9 мај, се однесува …

Повеќе »

Годишна конференција за оценка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи Годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Настанот ќе започне во 9 часот во хотел „Дабл Три Хилтон“ во Скопје, а на него се најавени обраќања на вицепремиерката задолжена за …

Повеќе »