Breaking News

Toni Ivanoski

Земјоделци бараат државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви, од Владата велат дека ги поддржуваат домашните производители и домашниот род на лебото зрно

Државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви и да нема увоз од странство, бараат дел производители од Пелагониско, кои имаат недооткупени количества пченица во амбарите. Апелот и барањето тие ги упатија од пред прилепските силоси каде се користи простор за стоковите резерви. – Упатуваме апел до мелничарите во …

Повеќе »

Хрватска до сега инвестираше околу 108 милиони евра во земјава, продлабочување на соработката и во туризмот и едукацијата

Владата ќе продолжи засилено да работи во насока на продолжување и проширување на соработката со Хрватска, зацврстување на заемната доверба, разбирањето и добрососедството. Во следниот период ќе се работи и во унапредувањето на економската и трговската соработка. Постои потреба од зајакнување на соработката и во сферата на туризмот и поддршка …

Повеќе »

Касами: Оваа Влада нема капацитет да го реализира Коридор 8

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска изјави дека актуелната Влада нема капацитет да ги реализира најавените автопатски делници од Коридор 8, затоа што власта, вели, има многу проекти за тетовскиот регион кои останале само најава. За вчерашното неприсуство на свеченоста за Коридор 8 не одговори дали Општината имала покана, но …

Повеќе »

УНЕСКО вети дополнителна помош за Украина

Директорката на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), Одре Азулај при денешната посета на Киев вети дополнителна помош за Украина. – Од првите денови на војната, УНЕСКО застана зад Украинците за да им помогне да ги заштитат културата, наследството, образованието и безбедноста на новинарите, изјави Азулај, …

Повеќе »

Во штипско-карбинскиот регион зголемен интересот за имунизација по појавата на првиот случај со морбили

По регистрирањето на првиот случај со морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе, деновиве е и зголемен интересот за имунизација за прва доза во штипско-карбинскиот регион. Педијатарот, Дијана Коцева – Миланова од службата за превентивна заштита при ЈЗУ „Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип, вели дека процентот на имунизирани деца до една …

Повеќе »

Ковачевски: Нема потреба од лидерска средба, а процесот на уставни измени е структуриран

Процесот на уставни измени е структуриран процес согласно закон и согласно Устав, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за хрватскиот модел за уставни измени. Ковачевски беше дециден дека не може да каже што е прифатливо, а што не е прифатливо за него туку дека тој е …

Повеќе »

Месец март просечен кон потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности

Месец март 2023 година, се карактеризира како просечен кон потопол и кон многу влажен локално, во споредба со многугодишните просечни вредности, покажаа мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државата. – Средномесечната температура се движеше од 3,5 степени целзиусови во Маврово до 10,5 во Гевгелија. Споредено со просечните мартовски средномесечни …

Повеќе »

20 години Поточиња на 13 и 14 мај во Филхармонија

На 13 и 14 мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат ќе се одржи детскиот фестивал Поточиња. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот …

Повеќе »

Во Берово извршена промена на осветлувањето во централното градско подрачје со нов лед светилки

Во Берово извршена промена на градското осветлување со поставување на нови енергетски ефикасни лед светилки на неколку улици во градот Берово, информираа од Општината. Целта на активностите како што додадоа е подобрување на осветлувањето во вечерните часови, во централното градско подрачје. – Новите енергетско-ефикасни лед светилки, се подолготрајни и погодни …

Повеќе »

ОЈО Гостивар отвори истрага против измамничка која лажно нудела работни визи за Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, измамничка која лажно нудела работни визи за Германија, за продолжено кривично дело „измама“ согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март …

Повеќе »