Breaking News

Арт Поинт-Гумно гостува во МКЦ – Скопје


Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на Арт Поинт-Гумно од с.


Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во Офицерски дом во Битола, денеска ќе биде поставена во МКЦ со почеток во 20:00 часот.


До 2 декември, граѓаните ќе можат да се запознаат со дел од извонредното уметничко богатство на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој од с.

Слоештица – 65 слики, скулптури и фотографии на уметници, претставници од неколку континенти од 20 земји од светот.


Оваа поставка ќе биде завршен, од низата настани со коишто годинава, центарот го чествуваше 20-годишното постоење. Арт Поинт-Гумно е визионерска рожба на семејството Андреевски.

Од 2003-тата до денес, на креативното гумно во селото Слоештица, продефилираа, ни помалку, ни повеќе – 80 врвни уметници од целиот свет.


Организаторите изјавуваат дека „не случајно, завршниот настан по повод 20-годишниот јубилеј ќе се случи токму во Младинскиот културен центар, МКЦ – Скопје.

Имено, една од заложбите на Арт Поинт-Гумно е да ги поддржи токму младите, талентирани творци, оние што се наоѓаат на почетоците од нивните кариери.


Така, на изложбата, меѓу другите, ќе бидат изложени и дела од 20-тина млади уметници, некои од нив, денес се веќе етаблирани автори“.

За активностите на уметничкото гумно ќе говори младата македонска писателка, уредник и преведувач – Јулијана Величковска, којашто вели дека секоја посета на ова единствено гумно ја доживува како празник.

Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура, а оваа изложба се реализира во соработка со МКЦ- Скопје. фф/мд/Фото: Арт Поинт-Гумно .

Извор: МИА