Breaking News

Аргентинскиот Сенат го отфрли указот на претседателот Милеј за економски реформи


Аргентинскиот Сенат (Горниот дом на националниот парламент) вчера го отфрли сеопфатниот указ за економски реформи на претседателот на земјата, Хавиер Милеи.


Ова, според западните агенции, е сериозен удар врз програмата на шефот на државата за заздравување на „болната“ економија на земјата преку строги рестриктивни мерки.


Партијата „Слободата доаѓа“ на економистот Милеи, која ја презеде функцијата во декември, е малцинство во Националниот конгрес, каде е едвај трета парламентарна сила.

Таканаречениот мега-указ, кој во оригиналната форма содржеше 600 членови, беше отфрлен со 42 гласа „за“, 25 „против“ и четири воздржани.


Големиот пакет реформи конечно ќе биде отфрлен доколку мнозинството во Долниот дом на аргентинскиот Парламент, Домот на пратеници исто така гласа против.

„Многу е едноставно – тој указ е неуставен“, рече опозицискиот сенатор Мартин Лусто по повод неговото гласање „против“.


Указот, издаден од Милеи само неколку дена откако ја презеде функцијата, имаше за цел „шок терапија“ за аргентинската економија, вклучително и девалвација на локалната валута, пезосот, за повеќе од педесет проценти.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА